Ford претставува два нови хибриди

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Ford објавија дека за време на годинешниот настан Go Further, кој ќе биде одржан на 2 април, ќе бидат претставени плановите за иднината на брендот, вклучувајќи го и новиот развој во областа на високите технологии, електрификацијата и друго.

Од Ford додаваат дека за време на настанот ќе бидат претставени целосно новите Fiesta и Focus EcoBoost Hybrid, кои најавуваат дека новата генерација на паметни автомобили на брендот ќе помогна за почиста и помирна иднина.

„Нашите нови Fiesta и Focus EcoBoost Hybrid се пример за посветеноста на Ford кон тоа да нуди нови, еколошки одржливи автомобили, модерни технологии и висококвалитетна услуга на нашите клиенти и имаме уште многу примери кои ќе можеме да ги презентираме во Амстердам во текот на следната недела, но и потоа“, вели Стивен Армстронг, кој е потпретседател на Ford Motor Company за Европа, Блискиот Исток и Африка.

Двата нови MHT (48-volt mild-hybrid) хибридни автомобили на Ford ќе бидат лансирани на европскиот пазар во текот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK