Американскиот производител Ford објави дека ќе прекине со производство на моделот Ka+, а воедно повеќе нема да биде дел од европската понуда.
Причината за повлекувањето на овој модел од понудата се слабите продажни перформанси во Европа како и се поголемата популаризација на SUV возилата на кои е ставен акцент во новиот стратешки план кој започна да се реализира уште минатата година.
Овој модел Ford за прв пат го воведе во 1996 година под називот Ka кој дојде во неколку изведби меѓу која и двовратната StreetKA. Досега се претставени три генерации, а актуеланта трета генерација во Европа е комерцијалзиирана под називот Ка+. Истиот овој автомобил активно се произведува и во Јужна Америка каде се продава под името Figo и бележи солидни продажни резултати.
Инаку ова е трет модел за кој Ford најави повлекување од понудата. Претходно официјално го објави крајот на моноволуменците B-Max и C-Max чие производство завршува во јуни годинава.