Ford повлекува повеќе од 136.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најголемите американски производители на автомобили, Ford, објави дека ќе повлече повеќе од 136 илјади автомобили од моделот Focus од Канада.

Причината за ова повлекување е дефектен дел кој може да придонесе за неочекувано стопирање на работата на моторот. Со повлекувањето се опфатени автомобили произведени помеѓу 2012 и 2018 година, а при тоа се опремени со 2.0 литарски GDI и 2.0 литарски GTDI мотор.

Од главниот дилер за Ford автомобилите во Канада објавија дека веднаш започнуваат со постапка на информирање на сопствениците на овие автомобили, а истите можат да посетат било кој продажно-сервисен салон со цел да се информираат дали нивното возило е дел од погодените.

Инаку ова не е прв пат Ford да повлекува автомобили. Минатито месец беше објавено дека Ford ќе ги повлече сите GT автомобили од последната генерација поради можност од појава на пожар. Во јули годинава Ford отповика 550.000 автомобили од пазарите во Северна Америка за да го поправи проблемот со менувачот кој сега може да доведе до неочекувано, ненадејно движење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK