Ford повлекува 3 милиони возила – поправката ќе чини 610 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Ford во четвртокот соопшти дека ќе повлече 3 милиони возила поради „Таката“ системите за надувување на воздушни перничиња кои можат да пукнат и целата поправка ќе чини 610 милиони долари, пишува агенцијата Ројтерс..

NHTSA во вторникот му нареди на Ford да издаде повлекување, односно повикување во сервис за системите за надувување на воздушните перничиња од страната на возачот, одбивајќи ја петицијата на производителот од 2017 година за да се избегне тоа.

Дефектот, што во ретки случаи доведува до пукање на системите за надувување на воздушните перничиња и фрлање на потенцијално смртоносни метални делови, предизвика најголемото повлекување на автомобили во историјата на САД со повеќе од 67 милиони системи за надувување. Во светски рамки се повлечени околу 100 милиони вакви системи инсталирани од 19 големи производители на автомобили.

Повлекувањето вклучува 2,7 милиони возила во САД и околу 300.000 во Канада и на други локации. Ford ќе ги вклучи трошоците, во резултатите од четвртиот квартал.

NHTSA исто така побара од Mazda да повлече 5.800 системи за надувување на воздушни перничиња во возилата од серијата Б 2007-2009 година.

Ситемите на Takata беа причина за најмалку 400 повреди и 27 смртни случаи ширум светот – вклучително и 18 жртви во САД со двајца во Ford Ranger од 2006 година.

Возилата на Ford кои се повикуваат на сервис вклучуваат разни возила произведени во периодот 2006-2012: Ranger, Fusion, Edge, Lincoln Zephyr/MKZ, Mercury Milan and Lincoln MKX

Во ноември, NHTSA ја отфрли петицијата поднесена од General Motors за да избегне повлекување на 5,9 милиони американски возила поради воздушните перничиња на Takata. Од GM изјавија дека повикот опфаќа 7 милиони возила ширум светот и ќе чини 1,2 милијарди долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK