Ford подготвува поевтино електрично возило

ОБЈАВЕНО НА:

Во интервју за WardsAuto, Ферли, првиот човек на Ford ги откри плановите за електричната иднина на американскиот производител.

Тој изјави дека Ford нема да се натпреварува со Porsche и Tesla, туку ќе си ја реализира сопствената стратегија.

Во однос на ценовната стратегија тој откри дека цената на електричните возила кои во иднина ќе се појават ќе се движи од 20 до 70 илјади долари, но не и над 100 илјади долари.

Со ова тој всушност потврди дека наскоро ќе се појави електричен Ford кој ќе се продава под цена од 20 илјади долари што е многу конкурентна, но и далеку пониска од Ford Mustang Mach-E. Почетната цена на овој модел во моментов изнесува 42.895 американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK