Ford отпушта 20.000 вработени

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот автомобилски гигант Ford соопшти дека ќе отпушти неколку илјади работници во светот и ќе ја намалу работната сила за околу десет отсто, пишува весникот „Вол стрит журнал“.

Изворот од компанијата потврдил за агенцијата АФП дека масовни отпуштања се планирани во следните денови и дека би можеле да бидат опфатени околу 20.000 вработени. Ford е втор по големина американски производител на автомобили и вработува 202.000 работници во светот.

Информацијата доаѓа во време кога компанијата се соочува со успорена продажба на автомобили после неколку години раст. Ford во април годинава продал 214.695 возила, што е за 7,2 отсто помалку во однос на истиот период лани.

Од компанијата велат дека се планира намалување на трошоците за да може компанијата да биде поефикасна. Целта на компанијата е да се стабилизира работењето на оние делови што носат профит, да се трансформираат областите кои традиционално носат помал азаработувачка и агресивно вложување во нови можности.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK