Ford купи компанија за изнајмување на електрични тротинети

ОБЈАВЕНО НА:

Наспроти сите реорганизации и реструктуирања кои се актуелни во американскиот производител, Ford се одлучи да ги диверзифицира своите бизнис активности купувајќи притоа компанија за изнајмување на електрични тротинети.

Ова го потврди американскиот производител кој додаде дека со цел инвестирање во алтернативниот превоз компанијата ја договори купопродажбата на компанијата Spin. Оваа компанија иако не толку позната, веќе некое време обезбедува услуги за изнајмување на електрични тротинети за јавна употреба, а со оваа аквизација се очекува Ford да инвестира “свежи пари” неопходни за национален раст на оваа компанија.

Во моментов Spin своите услуги ги нуди во 13 градови како и во рамките на бројни големи фабрики и универзитети овозможувајќи им на корисниците да изнајмат електричен тротинет за само еден долар со додатни 15 центи за една минута користење.

Како што наведуваат од Ford, во последните неколку години драматично е забележан пораст на опциите за превоз на луѓето, па токму со оваа аквизација, производителот ја проширил својата дејност и своите активности и на дополнителни полиња за транспорт.

Инаку само за потсетување, Ford претходно во Сан Франциско стана сопственик на градски систем за изнајмување на обични и електрични велосипеди, па со ова ја проширува својата палета на услуги.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK