Ford користи холограмска технологија за дизајнирање (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ford ја тестира можноста за примена на новата HoloLens технологија што ја развива Microsoft, и со користење на „мешана реалност“ да се обиде да го забрза процесот на дизајнирање.

Новата технологија им овозможува на дизајнерите кои носат безжични слушалки, да видат неколку дигитални прикази и делови, кои изгледа како да се веќе физички вградени во возилото. Ова му помогна на Ford да истражува повеќе предлози за дизајн, за да се скрати времето за проектирање и инженерскиот процес кои што можат да траа и со години.

На пример самата оценка за естетиката на страничниот ретровизор, и како тој влијае на прикажувањето за возачот обично трае неколку денови или седмици. Сега истото ќе може да се направи за само неколку минути, можеби и секунди се во прашање.

Дизaјнерите веќе една година ја користат Microsoft HoloLens технологијата, и тоа во студиото на Ford во Деарборн со што се овозможува да се видат предложените виртуелни дизјанерски елементи како да се физички делови.
На тој начин можно е истражување на различни облици, големина и текстурата во идните автомобили за многу кратко време, за што некогаш се користеа глинени модели за чие креирање се потребни месеци работа.

HoloLens технологијата користи „мешовита“ реалност кој аим овозможува на дизајнерите да видат холограми во фоткреирани позадини. Тие можат да се поместуваат и прегледуваат, и на допир на прстите, низ бројни варијанти да проектираат виртуелен изглед на вистинските модели на автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK