Ford најави дека наскоро дел од ентериерот во нивните автомобили би можеле да бидат изработени од комбинација на бамбус и пластика, со цел да се создаде суперцврст материјал.
Бамбусот се смета за евтина суровина зашто во период од 2 до 5 години растението го достигнува максималниот раст, што значи дека лесно се обновува за разлика од дрвото на кое му се потребни неколку децении да го достигне максималниот раст.
Инженерите на Ford открија дека бамбусот на тестирањата се покажал како подобар избор од некои синтетички и природни влакна.
Сѐ уште е рано да се потврди кога автомобилската и ндустрија ќе почне да го употребува овој материјал, но со оглед на фактот дека бамбусот може да издржи температури до 100 степени целзиусови можно е да се најде и во некои други случаи.
Во моментов индустријата користи неколку природни рециклирачки материјали како кенафот и пените на база на соја, кои се користат за јастучињата и наслони на седиштата.