За разлика од Европа каде речиси сите авто производствени капацитети се затворени во Северна Америка некои компании имаат различни планови. Ford Motor Co. ќе го продолжи производството во некои фабрики кои се без работа во Северна Америка, и тоа во почетокот на април.
Се очекува да се отвори повторно фабриката за склопување во Хермосило во Мексико и тоа со една смена на 6 април, а на 14 април се очекува продолжување на производството во Деарборн, Кентаки и Охајо.
Ваквите планови значат поголема загриженост на синдикатите, особено откако во Детроит беа затворени производни погодни на FCA откако неколку работници починаа поради Ковид-19. Од 20 март се затворени производните капацитети, а Ford планираше да ги отвори на 30 март, откао многу сојузни држави издадоа препораки за седење дома, меѓу кои и Мичиген.
За разлика од Ford кој планира продолжување во вкупно пет фабрики во С.Америка, од Toyota потврдија дека нивните фабрики во Северна Америка вклучувајќи ги Канада и Мексико ќе останат затворени до 20 април.
И Honda останува со затворени фабрики до 7 април, во САД и Канада. Првично беше планирано затворањето да биде до 23-30 март, но сега истото е продолжени за уште една недела.