FORD ќе нуди само електрични автомобили во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Ford објавија амбициозни планови за електрифицирањето на понудата за Европа, откако беше објавено дека до средината на 2026 година, 100% од автомобилите на брендот ќе бидат достапни само во електрифицирана верзија, вклучувајќи и 100% проценти електрични и во верзија plug-in со хибриден погонски систем.

Следниот огромен чекор ќе се случи до 2030 година кога апсолутно целата понуда на Ford ќе биде целосно електрична.

Плановите на Ford исто така ја опфаќаат и понудата на леснотоварните возила која слично како и кај автомобилите ќе биде електрифицирана со 100% електрични или во верзија plug-in со хибриден погонски систем до 2024 година.

За реализирање на оваа цел од компанијата сметаат на неколку нови шроизводи, како и стратешки партнерства, како што се оние со Volkswagen и Google, така и на нејзиниот потфат со Ford Otosan.

Главен двигател за идната електрификација на Ford во Европа ќе биде фабриката на брендот во Келн, која со инвестиција од 1.000.000.000 евра ќе прерасне во производствен центар на идните целосно електрични автомобили во компанијата. Првите 100% електрични модели ќе бидат склопени таму, а ќе се симнат од монтажната линија во 2023 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK