Ford ќе го произведува електричниот Mustang Mach-E и во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Кина е сериозен пазар за електричните возила и речиси секој производител сака таму да има фабрика со која ќе се обиде да ги задоволи потребите на тамошните „гладни“ купувачи за возила. Особено ако се работи и за некој познат бренд тогаш Кина е место каде ќе има добра потрошувачка.

Ford објави дека компанијата, застапувана од Changan Ford, ќе започне со производство на Mustang Mach-E Кина за потребите на локалните потрошувачи. Целосно електричниот и прв во историјата на легендарниот бренд спортски СУВ ќе биде лансиран во земјата кон крајот на оваа година.

Кинески произведениот Mustang Mach-E ќе има основни димензии од 4739 mm во должина, 1881 mm во ширина и 1623 mm во висина, меѓуоскиното растојание ќе биде 2984 mm, а слободниот дострел ќе биде над 600 км (CLTC).

Ford исто така објави дека и производството на GT верзија на Mustang Mach-E ќе се одвива во земјата, што ветува подобра динамика со можност за забрзување од 0 до 100 км / ч за нешто повеќе од 3 секунди.

При влегувањето на кинескиот пазар, Mustang Mach-E ќе им понуди на купувачите врвни понуди во однос на системите помош при управување, вклучително и автономна контрола на нивото L2 +, што понатаму ќе се развива и проширува како функционалност, благодарение на неговата способнос за апдејтување преку воздухот (over the air).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK