Европскиот Ford планира да дизајнира нов автомобил, кој ќе биде поразличен отколку сите на кои досега сме навикнати. Од Ford ќе поканат играчи на видео игри, а автомобилот ќе биде наменет само за виртуелниот свет.
При обликувањето ќе учествуваат членовите на Team Fordzilla, односно европската екипа на Ford, која учествува во игрите како Forza Motorsport in Gran Turismo Sport, а ќе помагаат и други играчи од целиот свет.
Идејата на овој проект е да се дизајнира возило, кое не е одредено од ограничувањата на реалниот свет, без разлика дали е тоа цена, технологија или практичност. За играчите тоа е можност да создадат автомобил за себе, а не само приказ за вистински автомобил. Во Ford се надеваат дека возилото кое има работно име Team Fordzilla P1, ќе се појави наесен, најверојатно во повеќе видео игри.
Тие ќе почнат со дизајнирање во текот на оваа недела и прво ќе одлучат за видот на автомобилот. Team Fordzilla ќе објави вести на својот официјален профил на Твитер, заедно со анкети кои ќе помогнат да се донесат конечни решенија за дизајн. Проектот се очекува да биде завршен во март следната година.