Ford инвестира 50 милиони долари за производство на хибридни автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

AutoNews тврди дека американскиот производител Ford ќе инвестира 50 милиони американски долари во фабриката во Чикаго со цел адаптирање за производство на хибридни автомобили.

Во моментов во оваа фабрика се произведуваат моделите Ford Explorer и Lincoln Aviator, а засега нема информации за тоа кои хибридни модели би се произведувале во оваа фабрика.

Според изворот овие финансиски средства ќе бидат насочени кон обука на вработените, инсталирање на нова технологија како и реновирање на постоечките објекти со цел нивно оспособување на новиот производствен процес.

За потсетување, Ford овој период прави целосно реструктуирање кое опфаќа бројни отпуштања, оптимизација на фабриките и производствените процеси како и целосно подновување на понудата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK