Иако се очекуваше тоа да се случи кон средината на овој месе, Ford и Dacia веќе го рестартираа производството во своите фабрики во Романија.
Пред повеќе од еден месец романскиот производител на принуден одмор испрати 14 илјади работници додека Ford од својата фабрика во Крајова на одмор испрати околу 6 илјади работници.
Сега најголем дел од овие вработени се вратени во производствените погони. При тоа двата производители ги имплементираа барањата од надлежните во поглед на превентивата од коронавирусот на вработените.
Поради исполнување на барањата двата производители нема овој месец да работат со целосно искористен капацитет туку продукцискиот аутпут ќе биде значително намален.