Автомобилот кој беше доработен во работилницата M2K Motorsports Ford GT во Тексас, од претходната генерација, постави нов светски рекорд за брзина на делницата од 1 милја (1609 метри). Супер автомобилот со моќност од 2500 коњски сили успеа да развие 483,45 км/ч, подобрувајќи го сопственото најдобро постигнување од 472,5 км/ч, забележано во 2017 година.
Новиот-стар рекордер има 5.4 литров V8 мотор, кој е снабден со два турбокомпресори Precision Turbo PT8285 CEA, вообичаени издувни колектори, горивоспроводници Wilson и млазници Precision Turbo. Максималната моќност се достига при работа на метанол VP M1.
Во јули минатата година Lamborghini Huracan со 3.000 коњски сили, подготвено од друга работилница, Underground Racing, постави светски рекорд за брзина на пола милја (804,5 метри) развивајќи 259,67 милји/ч (417,81 км/ч).