Ford го реши стравот од возење во темница

ОБЈАВЕНО НА:

Од Ford најавуваат дека нашле решение за стравот од возење во темница благодарение на подобрениот Pedestrian Detection system.
Во прес-соопштение производителот цитира анкета која потврдува дека стравот да не се удри некого или нешто е најголемиот страв за возачите кога е ноќно време. Уште повеќе, Ford тврди дека во истражување во Европа, 81 отсто од испитаниците велат дека им е страв на патиштата ноќно време.

Решението на Ford за ова е во подобрената верзија на Pedestriаn Detection system што ќе дебитира во Европа во новата Fiesta и премиерно во Северна Америка во F-150 и Mustand во моделските 2018, односно во текот на оваа година.

Системот функционира од група на радари лоцирани во предниот браник и камера монтирана на предното ветробранско стакло. Постои и база на форми на пешаци што се наоѓа во возилото и му овозможува на системот да ги распознае луѓето од другите предмети како што се дрвата и знаците на патот.

Доколку системот детектира дека возачот оди во правец да го удри пешакот, ќе го предупреди визуелно и аудио самиот возач. Ако тој не реагира на то апредупредување, тогаш сопирачките самите го се вклучат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK