Ford го претстави моделот Equator

ОБЈАВЕНО НА:

Ford во соработка со JMC за кинескиот пазар го претстави својот најнов модел именуван како Equator.

Станува збор за SUV модел со средна димензија чија должина изнесува 4.905 мм. Ширината изнесува 1.930 мм, висината 1.755 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.865 мм.

Во однос на мотористиката, на почетокот ќе се нуди 2,0 литарскиот EcoBoost турбо бензински мотор кој продуцира 224 КС. Истиот доаѓа во комбинација со 8 степен автоматски менувач и погон на предните тркала.

Достапен ќе биде во две верзии: со два и со три реда седишта. Исто така, понатаму се планира и верзија со погон на сите четири тркала.

Овој модел ќе започне да се произведува оваа пролето во Нанчанг, Кина, а на кинескиот пазар доаѓа како конкурент на Jeep Grand Commander и Toyota Highlander. Цената засега останува непознато, но е потврдено дека ќе биде достапен само на кинескиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK