Гигантот од САД, Ford понуди одличен новитет за своите клиенти. Станува збор за седиштата Max Recline кои потполно се собираат и се претвораат во „патнички“ кревети.
На основа на искуството на сопственикот на камионот F-150, компанијата заклучи дека постои потреба за нов систем во кабината.
Тој овозможува квалитетен одмор, особено во текот на долгите патувања или работата на терен.
Електро-механизмот ја крева „седечката“ површина за девет сантиметри, со цел д се добие рамна површина и да го обезбеди долниот дел од грбот.