Она што беше објавено уште во мај годинава во целост се официјализира – моделот Fusion повеќе нема да биде дел од понудата на Ford.
Од фабриката во Мичиген излезе последниот примерок на втората генерација од овој модел со што и официјално Ford нема повеќе седански модел во понудата во Северна Америка.
Првата генерација на овој модел во производство влезе во август 2005 година. Најпрво се произведуваше во Хермосиљо (Мексико), а потоа со втората генерација започна и производството во Мичиген (САД).
Последните неколку години Fusion бележеше континуиран пад на продажбата, пред се поради силната конкуренција од јапонските и европските производители. Во првата половина од годинава овој модел е продаден во 61.421 примерок во САД, а само за споредба во 2014 година беа продадени 306.860 примероци.
Американскиот производител Ford објави дека овој модел нема да добие свој наследник во понудата на Ford.