Ford Focus ST влегува во продажба – позната и цената

ОБЈАВЕНО НА:

Спортската изведба на новата генерација на Ford Focus, Focus ST, и официјално започна да се продава низ салоните во Велика Британија. Дистрибутерите во Великa Бритнија веќе ги објавија цените за овој модел, а првите испораки ќе се случат на почетокот на следниот месец.

Според официјалниот ценовник објавен на нивните интернет страници, почетната цена на основната верзија на Ford Focus ST ќе изнесува 29.495 фунти односно 34.470 евра. Со оваа цена добивате 2.0 литарски турбо дизелски мотор со 190 КС и 400 Nm кој покрај со шест степен мануелен, достапен е и со седум степен автоматски менувач.

 

Во текот на јуни и јули, оваа изведба треба да се појави во салоните во останатите земји од Европа, а покрај со дизелскиот мотор достапен ќе биде и со 2.3 литарски бензински мотор кој продуцира 276 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK