среда, 25 декември, 2025 година

Ford Fiesta ST со 200 КС од три цилиндри (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На една недела пред почетокот на саемот во Женева, Ford ја претстави новата генерација на Fiesta ST. Неодамна беше објавено и првото тизер видео.

Создадена на основата на регуларната верзија, силниот хечбек користи новоразвиен 1.5 литарски три цилиндричен EcoBoost бензински мотор и има 200 КС, и 290 Нм вртежен момент. Овие перформанси му овозможуваат до 100 км/ч да забрзува за 6,7 секунди, односно 0,2 секунди побрзо од порано.

- Advertisement -

Корисниците може да изберат меѓу три различни возачки модули: Normal, Sport и Track, со што се овоможува моторот, управувањето и контролата на стабилноста да биде конфигурирана од возење на автопат до тркачки услови.

Технологијата што се користи овозможува исклучување и повторно вклучување на еден цилиндер за 14 милисекунди, или 20 пати побрзо од трепкањето на окото. Со тоа се намалува и потрошувачката на гориво и емисијата на ЦО2 на 114 г/км.

Моделот е достапен во верзија со три и пет врати, и доаѓа со различен внатрешен ентериер што се разликува од основните модели, и има уникатна предна маска, специјални браници на двата краја, спојлер на покривот и 18 инчни бандажи со различен изглед.

Во внатрешноста новиот „жежок“ модел има Recaro седишта и рамен долен дел на управувачот, а купувачите ќе може да изберат меѓу поголемата можност за персонализација во однос на порано, вклучувајќи и и украсни делови за воланот, на рачката од менувачот, рачките на вратите и декорачии на инструмент таблата.

Во центарот на централната конзола има SYNC 3 инфо забавен систем, што користи 8 инчен дусплеј, и има многу дополнителни детали како гласовни команди, навигација, поврзување со смартфоните преку Andoid Auto и Apple CarPlay. Автомобилот истовремено е опремен со B&O Sound System.

Новата генерација на Ford Fiesta ST ќе биде достапна за продажба на почетокот на 2018 година. Цените дополнително ќе бидат објавени.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја