Најновиот модел на камион на Ford Truck со називот F-Max е избран за најдобар камион за 2019 година во рамките на 67 издание на меѓународниот саем за комерцијални возила кој секоја година се одржува во германскиот град Хановер.
Жирито составено од 23 членови, новинари и издавачи на авто магазини од Европа го прогласија Ford F-Max за најдобар пред Scania L&P и Volvo FH/FM. На првата позиција F-Max освои 126 гласови.
Гласовите на жирито доаѓаат откако тие на тест возење во Турција позитивно ја оценија ефикасноста како и напредните карактеристики вклучувајќи ја и Eco-Roll функцијата, ACC (Adaptive Cruise Control) и PCC (Predictive Cruise Control) функцијата. Одлични оцени доби и новиот 12.7 литарскиот 6 цилиндарскиот мотор кој развива 500 КС, а доаѓа со 12 степен ZF Traxon автоматизиран менувач.
Позитивно е оценета и кабината која овозможува комфор, добра ергономија и пријатно окружување на долги патувања. Жирито исто така добро го оцени и кокпит и дигиталните инструмети како и платформата за поврзување со ConnecTruck.