Компанијата Ford ги опремува полициските СУВ верзии на Explorer со нова функција. Сега автомобилите можат самостојно да ja дезинфицираат внатрешноста. За да се случи тоа се загрева кабината до 56 степени. Друг плус е недостатокот од неопходност за купување на специјална опрема, како и не користењето на хемикалии за дезинфекција. Сето, кое е потребно е надградување на софтверот на автомобилите, произведени меѓу 2013 и 2019 година.
Системот се активира од специфична комбинација од копчиња за круз контрол. Не е дозволено да има луѓе во кабината за време на дезинфекцијата. Во процесот на загревање автомобилот додава светлосен сигнал, кој информира за опасноста од задржување во кабината. На крајот од процедурата за дезинфекција климата се вклучува и го лади автомобилот.
Според Ford овој метод е многу ефективен и дозволува да се убијат 99% од вирусите во кабината вклучително и овој на COVID-19. Овој режим едноставно е неопходен за полицијата, а тој често им се налага поради тоа што ги транспортираат прекршѓителите, при што не е исклучена можнота некој од нив да има симптоми на коронавирус. Можеби во иднина слична функција ќе се појави и кај цивилните модели на Ford.
Истражувањата на државниот универзитет во Охајо покажуваат дека вирусите внатре во автомобилот затоплен до 55 степени вклучително и COVID-19, умираат после 20 минути, додека при температура од 70 степени после пет минути.