Најновата шеста генерација од моделот Explorer на Ford се закити со максималните пет ѕвеззди на краш тестот спроведен од страна на EuroNCAP.
Explorer најдобар резултат оствари во однос на безбедноста на возрасните и тоа од 87%. Еден процент помалку доби во однос на безбедноста на патниците на задната клупа односно децата.
Скор од 61% оствари во однос на безбедноста на пешаците, а 76% за безбедносната асистенција на возачот.
Ова е втор модел на Ford годинава кој се најде на тестот на EuroNCAP. Претходно одлични перформанси оствари и моделот Focus добивајќи максимални пет ѕвезди.