Во текот на зимата е потребно да го загреете моторот пред да го стартувате, независно што велат некои експерти. Сепак, факт е дека моторите се загреваат доста долго време. Тоа се однесува како на дизел, така и на бензинските мотори. Како да се забрза процесот брзо и безбедно? Добро е да се знаат неколку методи, кои често се користат во Финска.
За време на ладно палење, моторот доживува зголемени оптоварувања бидејќи маслото кое затекнало во картерот преку ноќта, не е во состојба да почне да тече кон сите делови на моторот со внатрешно согорување. Како реакција на тоа има зголемена истрошеност на клипот и цилиндрот.
Еден од начиите за проширување на ресурсите на моторот доаѓа од Север. Тајната е едноставна: треба да се уверите, дека моторот не се има оладено од последното патување односно при тешки зими воопшто не е неопходно да се гаси при секое запирање. Овој трик често се користи во Финска, но кај нас не се применува.
Ако се фокусираме на климата кај нас и поконкретно на зимските услови, тогаш е соодветна полесна верзија на овој метод. Проблемот е дека во автомобилот треба да инсталирате систем за дистанциско стартување на моторот и да го поставите неговиот тајмер. Автомобилот теба да се пали по неколку минути на секои два часа. На тој начин моторот нема да има време да се олади и утрото ќе седнете во топол ентериер. Овој метод исто така често е користен во Финска.
Сепак, нема начин да се инсталира далечинскиот стартер систем на моторот, што е случај со модерните мотори за вбризгување, а Финците имаат и друго решение. За нив, доволно е мало зголемување на вртежите, да речеме, до 1800-2000 вртежи во минута, што е доволно за побрзо загревање. За да се направи тоа доволно е внимателно да се притисне на десниот педал и да се држи стрелката на тахометарот во наведениот опсег.
Друга нијанса е дека колку е поголем притисокот на моторот, толку побрзо се загрева. Сепак, тука е важно да не се преоптоварува моторот бидејќи додека е студен, неговите топлински растојанија се далеку од оптимални, а слојот на маслото на деловите за триење е многу тенок. Затоа, оставете го моторот да работи во мирување за кратко или со малку повисоки вртежи и дури тогаш почнете да возите.
На крај, последниот совет е дека можете да го паркирате автомобилот на место каде што минува грејната мрежа. Тоа може да биде лесно најдено бидејќи над возилото нема снег. На тој начин наутро, кога сакате да го загреете автомобилот ќе заштедите минута или две.