Компанијата BMW рашири нови информации, фотографии и видео снимка за целосно новото и 100% електричното i4, што во моментов се наоѓа во финална фаза на динамичните тестови и светската премиера која ќе се случи за само неколку месеци.
„Првпат развиваме BMW со спортска ДНК за целосно електричното управување од нулата. BMW i4 нуди сè, што го одликува BMW и покрај тоа е целосно електрично“, вели раководителот на проектот Давид Алфредо Феруфино Камачо.
Погонскиот систем на 100% електричното BMW i4 е со моќност од 530 коњски сили и ветува можност за извршување на класично забрзување од 0 до 100 км/ч за само четири секунди.
BMW i4
Од компанијата исто така ветуваат дека електромобилот, кој ќе располага со автономност на движење до 600 километри, ќе понуди навистина спортско однесување, со одлична реакција од страна на системот при работа со гаста, кочницата и воланот.
„BMW i4 чувство на леснотија и пргавост, но исто така и на солидност и авторитет“, вели Камачо.