ФИНАЛИСТ – Автомобил на годината во Македонија 2021: Land Rover Defender

ОБЈАВЕНО НА:

Во тек е он-лајн ( https://coty.mk/#vote ) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на Жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март.

Националниот избор за „Автомобил на годината во Македонија“ годинава се одржува по 26. пат. Согласно условите за учество во Изборот, Националното жири, за 2021 година одбра осум возила кои влегуваат во финалето.

Во тек е он-лајн  ( https://coty.mk/#vote ) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на Жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март.

Претставувањето на финалистите е по случаен избор. Онлајн гласањето трае до 28 февруари 2021 година до 23.59 часот.

Легендата на off road возењето британскиот Land Rover Defender со новата генерација зачекори во иднината. Теренецот настапува со препознатлив, но модерен лик во верзии со две (90) и пет (110) врати.

Редизајнираната теренска икона во двете каросериски верзии – 90 и 110 (должина на меѓуоскиното растојание дадено во инчи) нуди редефениран лик, од една, а од друга страна истиот како да ви кажува дека тоа не може да биде ништо друго освен Land Rover Defender. Сето тоа оплеменето со непроменлива и врвна управливост како низ урбани средини, така и надвор од патот.

Тоа го дефинира и пристапниот агол од 38% и агол на заминување од 40%, минување на водена пречка длабока 900 mm и All Terrain Progresѕ Control со режими на возење, општ (асфалт), карпест, мочуришен терен, мраз, снег, и песок.

За комфорот во возење во сите услови голем придонес има и електронски контролирана воздушната суспензија, Adaptive Dynamics кој што 500 пати во секунда го контролира и го оптимизира движењето на каросеријата.

Внатре луксуз, кожа, елементи од алуминиум, ткаенини, … се бирани материјали со највисок квалитет.

Димензиите на „кусата“ 90 изнесуваат (4.323 х 2008 х 1974)mm, со 2.587 mm растојание помеѓу оските, односно (4.583 х 2008 х 1974)mm, со меѓуоскино растојание од 3.024 mm за 110-верзијата.

Погонските единици, дизел, бензин, mild Hybrid и plug-in hybrid се со четири и шест во линиски поставени цилиндри, во комбинација со осум степен автоматски менувач и со погон на сите четири тркала. Дизел верзиите со четири цилиндри и 2,0 литри волумен доаѓаат со 200 КС и 430 Nm, односно 240 КС и 500 Nm, a тие со шест цилиндри и 3,0 литри испорачуваат 249 КС и 600 Nm, односно 300 KS и 650 Nm.

Бензинците доаѓаат со идентична конфигурација како и дизелите: Р300, четири цилиндри и 2,0 литри зафатнина и Р400 шест цилиндри во линија и 3,0 литри, со  300 КС (400 Nm), односно 400 КС (550 Nm). Тука се и MHEV изведбите (Mild Hybrid EV) со 48-волтна батерија за поефикасна и почиста експлоатација. Најновата Р400 PREV – plug in хибридна единица, 2,0 литри турбо бензинец, со четири цилиндри и 300 КС и електромотор од 104 КС, испорачува системска моќност од 404 КС.

Од бројните системи со кои е преполн Defender ќе ги спомнеме, All Terrain Progress Control, и Clearsight ground view + 3D surround camera (можност да го гледате патот под /низ хаубата и моторот, потоа Adaptive Cruise Control + Speed Limit, Break Collision Monitoring, Rear Traffic and Blind Spot, Wade Sensing, Matrix LED светла … Во кабината е 12,3 interactive Driver Display, Head up display, Meridian audio surround со 14 звучници …

________________________________________________________________________

Повеќе за Изборот, онлајн гласањето, критериумите и сите досегашни победници посетете ја страницата www.coty.mk

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK