Иако со децении не се произведува, а резервните делови стануваат сѐ потешки за наоѓање, автомобилот Zastava 750 (популарното фиќо) на Миле Мицковски и Кристијан Аврамов без проблеми мина над 1.000 км. само за да биде дел од меѓународниот собир на љубители на овие возила што се одржа во Јагодина, Србија.
И не само што стигна, членовите на „Застава Клуб“- Гевгелија го освои првото место за најодалечени учесници на собирот. Миле Мицкоски и Кристијан Аврамов освен учеството на собирот, беа и во посета на повеќе места во Јагодина и се дружеа со сопственици на Zastava од цела поранешна Југославија, објави локалниот портал gvginfo.mk
На собирот имало повеќе од 65 возила од регионот, иако најмногу од Србија.
Инаку до ноември 1985 година кога е произведено последното фиќо во фабриката Застава, има 923.487 возила од оваа фабрика. Покрај во СФРЈ, ова возило се произведувало и во Австрија, Шпанија и Аргентина.