Фиќо ќе добие споменик

ОБЈАВЕНО НА:

Во средината на 50-те години од минатиот век моделот Zastava 750 одигра важна улога во моторизацијата на СФРЈ, а со тоа и на Македонија. Одамна веќе популарното „фиќо“ не се произведува, но сѐ уште одредени модели се тркалаат по патиштата.

Во Крагуевац каде беше фабриката на популарното национално возило е покрената иницијатива за подигање на спомен обележје. Здружението на љубители на овој автомобил веќе разговарале со градската управа и биле предложени неколку локации каде би моќело да биде поставено тоа обележје. Идеја за вакво нешто постои уште од 2012 година, но досега тешко одеше реализацијата.

Производство на Fiat 650, а потоа и Zastava 750 во фабриката Црвена Застава во Крагуевац почнала есента 1955 година по претходно купената лиценца од Fiat, и биле склопени првите 1.000 возила. Од тогаш па сѐ до ноември 1985 година кога било произведнео и последното возило Застава 750, во Крагуевац се произведени 923.487 возила. Слични или идентични возила, покрај во Италија и некогашна СФРЈ, се произведуваа и во Шпанија и Аргентина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK