Европскиот оддел на Ford најави дека за време на овогодинешното издание на трката MPG Marathon во Велика Британија биле регистрирани нови рекорди за економичност со моделите на Fiesta и Ranger, опремени со мотори EcoBoost и TDCi. Ford Fiesta, опремена со дизел TDCi мотор со 120 КС и управуван од новинарот Пол Клифтон и инженерот Јан Макин, успеала да оствари потрошувачка на гориво од само 2,3 литри на 100 километри.
Резултатот беше поставен на релација од 570 километри и претставува подобрување од 12 % во однос на претходните најдобри достигнувања и е 34 % подобра од официјалните податоци на производителот.
Зад воланот на еднолитарскиот EcoBoost (125 КС) на Fiesta биле поранешниот рели тандем на Ford, Енди Досон и Ендрју Мариот и постигнале потрошувачка од 2,9 литри на 100 километри, и освоија награда за најдобар ефикасен бензински автомобил. Овде постигнатите резултати беа 14 % подобри од претходниот и 33 % подобар од фабричките.
Ford исто така потврди уште еден успех на свој автомобил, но се уште не е потврдено од официјално тело. По внимателно планирање, Норвежаните Кнут Вилтил и Хенрик Борчгревинк успеале да поминат 1.616 километри (просечна брзина од 60 км/ч) без да дополнат гориво на својот дизелски Ranger, опремен со 2.2 литарски TDCi мотор. На тој начин поставиле нов светски рекорд за најдолго растојание управувано од пикап камион со еден резервоар за гориво.