Fiat заврши со производството на дизелската изведба на Panda

ОБЈАВЕНО НА:

Мултинационалната компанија FCA повеќе не произведува дизелски изведби од Fiat Panda. Повикувајќи се на повеќе извори, италијанскиот производител Fiat од 1 септември не го произведува моделот Panda со дизелски агрегат.

Одлуката за стопирање на производството доаѓа откако на 1 јуни годинава FCA го усвои новиот стратешки план. Тогаш, сега починатиот Серџо Маркијоне изјави дека до 2021 ниту еден автомобил во рамките на FCA Групацијата нема да биде понуден со дизел мотор.

Оваа информација не е потврдена од страна на Fiat, но од блиски извори се дознава дека оваа одлука е донесена уште во текот на месец август. Со ова, по 28 години откако Fiat го лансираше, овој модел нема да биде достапен со дизел мотор.

Во моментов, Panda покрај бензинските мотори, во понудата доаѓа и со 1.3 литарски дизелски мотор, а тоа ќе биде така се додека не се продадат моменталните залихи. Повлекувањето на овој мотор од понудата ќе значи и дека наскоро Fiat 500 ќе остане без дизелски мотор. Медиумите во Италија пишуваат дека одлуката за ова би можело да се случи до крајот на оваа година.

Инаку Fiat го лансираше моделот Panda во 1980 година и во изминатите 28 години продаден е во над 8 милиони единици што го прави овој автомобил еден од најпродаваните во историјата на Fiat.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK