Fiat веќе не е најомилен бренд за Италијаните

ОБЈАВЕНО НА:

Италијаните важат за нација која силни ги поддржува своите брендови во автомобилската индустрија. Но, Fiat веќе трет месец по ред не е омилена марка на италијанските возачи. Овој историски пад од тронот, кој започна во август, го потврдуваат податоците за новите регистрации во Италија во октомври: Fiat е на третото место, зад Volkswagen и Toyota.

Минатиот месец се регистрирани 10.928 VW возила, 10.630 Toyota и 9.194 Fiat. Ова е значајно, бидејќи во истиот месец од 2023 година, Fiat регистрираше речиси двојно повеќе возила од овие две марки.

Кумулативно од почетокот на 2024 година, Fiat сè уште е на врвот на рангирањето по бројот на регистрации со 128.875 единици, додека Toyota бележи 102.480 возила, а Volkswagen 100.307 единици.

За Fiat тоа значи пад од 13,9% во првите девет месеци од 2024 година, додека Toyota и Volkswagen остварија раст од 25,84% и -2,56% во споредба со минатата година. Малку е веројатно дека ќе следи апсолутна промена на врвот за цела 2024 година, но можно е разликата меѓу Fiat и Toyota да продолжи да се намалува до крајот на годината.

Постојат неколку причини за оваа историска промена во рангирањето, од кои првата е преодната фаза низ која минува Fiat, кој се збогуваше со важните модели и се уште не започна целосно да пласира нови.

Пример за тоа е Fiat 500, чие производство во Полска престана во текот на летото и чии залихи се намалуваат, како и Fiat 600, кој дури сега влегува на пазарот со благи хибридни мотори.

Покрај тоа, големи се очекувањата за Fiat Grande Panda, која сè уште не е достапна во Италија, како и огромен пад на регистрациите за моделите 500X и Tipo, кои сега се стари речиси десет години.

Добрите продажни резултати на Toyota во Италија се резултат на хибридната понуда која е многу популарна кај локалните возачи, кои се фокусирани главно на Yaris Cross, Yaris, Aygo X, C-HR и plug-in хибридната верзија на RAV4.

Volkswagen, од друга страна, се потпира на успехот на своите SUV модели, особено на T-Roc, T-Cross и Tiguan, додека Polo и Golf, заедно со Taiga, продолжуваат да наоѓаат многу купувачи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK