Fiat наесен го промовира новиот компактен СУВ

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Fiat има ново возило што го очекува своето деби. Тоа би требало да се случи наесен. Се рабои за офроуд варијанта на возилото Fiat Argo. Ова возило со пет врати дебитираше во текот на пролетта во 2017 година. Моделот беше изработен специјално за земјите од Јужна Америка, а производството е организирано во Бразил.

Дека ова хечбек возило ќе добие и офроуд варијаната почна да станува јасно во март годинава, па сега останува да се реализира планот.

Првите примероци се очекува да бидат направиени наскоро, а тоа ќе бидат прототип возила со кои ќе бидат направени тестирањата. Официјалната премиер се очекува во ноември во Сао Пауло.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK