Fiat го рестилизира 500X

ОБЈАВЕНО НА:

Четири години по премиерата, Fiat објави дека оваа есен ќе го лансира рестилизираниот градски SUV модел 500X.

Тизер фотографијата која ја објави Autoblog.it покажува значајна измена на предните светла кои сега имаат интегрирани LED светла, слични на оние како и кај рестилизираниот модел на Jeep Renegade. Новитет се и светлата за магла кои исто така се LED.

Во однос на моторизацијата, 500X ќе биде понуден со истите мотори како и Jeep Renegade. Тоа значи дека 500X ќе биде понуден со 1.0 литарски три цилиндарски мотор кој продуцира 118КС, а тука е и новиот 1.3 литарски четири цилиндарски мотор со моќност од 148 и 177 КС.

Рестилизираниот 500X ќе биде презентиран ова есен, но за сега нема точни информации за местото и датумот. Она што со сигурност се знае е дека тоа нема да се случи на саемот за автомобили во Париз откако претходно FCA групацијата објави дека ќе го прескокне овој саем.

Моделот 500X важи за првиот SUV на Fiat чије деби на саемот во Париз во 2014 година беше проследено со голем успех. Две години подоцна овој модел започна со продажба во САД, а шпекулациите говорат дека Fiat нема да застане тука, туку дека веќе работи на развојот на втората генерација која би требало да се појави во 2021 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK