Fiat го произведе 2 милионитиот Fiat 500

ОБЈАВЕНО НА:

Голем и важен јубилеј во фабриката на Fiat во Тичи (Полска). Деновиве од полската фабрика на италијанскиот производител излезе 2 милионитиот Fiat 500, модел кој токму во 2007 година започна за прв пат да се произведува во оваа фабрика.

Јубилејниот 500 доаѓа со додавка “C” (Fiat 500C) во кабриолет изведба со TwinAir Turbo бензински мотор со 85 КС. Ексклузивноста и креативноста што Fiat секогаш ја посветува на овој модел е преточена и во внатрешноста која претставува комбинација на бела и сива боја

Инаку Fiat 500 важи за автомобилот кој го изваде Fiat во кризата. Се појави во 2007 година по што освои голем број на престижни награди меѓу кои и онаа за Автомобил на годината во 2008 година. Во сите изминати 11 години 500 буквално владее во својот пазарен сегмент каде пет години по ред беше убедливо најпродаваниот автомобил.

Во првата четвртина на 2018 година, Fiat 500 е најпродаваното возило во својата класа во девет европски држави: Велика Британија, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Португалија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Словенија. Се наоѓа во топ 3 во други седум земји: Италија, Германија, Франција, Шведска, Словачка, Романија и Бугарија.

Покрај во Полска, овој модел на Fiat се произведува и во Толука, Мексико, а врз основа на овој Fiat произлегоа и подоцнежните модели 500X и 500L.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK