Откако пред неколку денови претстави тизер видео, италијанскиот производител FIAT на најголемиот саем за автомобили во Јужна Америка, саемот во Сао Пауло, го претстави најавуваниот SUV концепт.
По долг период пауза, FIAT конечно претстави концепт возило. Овој SUV како што е познато, се базира на истата платформа како и пикапот FIAT Toro. Токму оттука овој Fastback концепт, е со должина од 491 cm, широчина 184 cm додека пак меѓуоскиното растојание изнесува 298 cm.
Екстериерно, особено предниот дел, речиси е идентичен како и FIAT Toro додека на задниот дел доминират LED светлата и натписот FIAT наместо логото.
Така во понудата би се нашле 1.8 литарскиот и 2.4 литарскиот мотор достапен на бензин и етанол. Производството на овој модел би се спроведувало во бразлската фабрика на FIAT во Гоијана, а нејасно е дали овој модел ќе се продава во Европа.