Fiat го менува логото

ОБЈАВЕНО НА:

Најстариот италијански производител на автомобили Fiat, објави дека ќе го менува своето лого.

Откако во 2006 година го воведе старо-новото лого, со натписот “FIAT” во црвена позадина, сега Fiat повторно црпи инспирација од минатото.

Станува збор за едноставно лого со скратеницата “FIAT” кое веќе неколку години наназад се користи кај одредени модели во Јужна Америка. Со ова, италијанскиот производител ја одбележува новата фаза во бизнис работењето на компанијата која е со акцент на хибридните и електрични автомобили.

Првиот модел кој ќе го добие новото лого е подновениот Fiat 500, а секако, ќе биде дел и од најавените модели кои треба да бидат претставени во наредните две години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK