Fiat и Ford слабо поминаа на ЕуроНЦАП

ОБЈАВЕНО НА:

На најновото тестирање на новите модели што се на европскиот пазар од страна на ЕуроНЦАП покажа дека меѓу шесте тестирани возила, најслабо поминаа Fiat 500 и Ford Ka+. Тие добија само три ѕвездички од можни пет.

Најдобро поминаа Audi Q5, Land Rover Discovery и Toyota C-HR. Сите три возила добија максимални пет ѕвездички. Една помалку дони Citroen C3, а со „тројки“ беа оценети Fiat 500 и ford Ka+.

Audi Q5 и Toyota C-HR го минаа тестот без проблеми, а Land Rover Discovery заработи доволно да биде „петкаш“ но со проблеми околу притисокот во воздушното перниче, и при страничен тест возачката врата се отворила.

Супер мини возилата се многу популарни во Европа, и сега имаше три такви возила на тест. Citroen C3 и Ford Ka+ се целосно нови модели, додека Fiat 500 имаше фејслифт.
Кај Fiat 500 и Ford Ka+ е утврдено дека недостасува затегнувач на задните ремени, и ограничувачи на оптоварувањето, што сега е стандард во повеќето автомобили на пазарот.

Во однос на целосниот форнтален судар што е воведен во 2015 година, моделот Fiat 500 покажа слаба заштита за возачот и патниците на задните седишта. Кај Ford Ka+ е утврдено дека има слаба заштита за градите. Кај двата модели недостасува и технологија на автономно сопирање што сега се нуди кај половина од новите модели.
Citroen C3 од друга страна за малку не доби пет ѕвездички, и „падна„ во однос на заштитата на пешаците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK