Во ноември минатата година на саемот за автомобили во Сао Паоло, Бразил, Fiat го претстави SUV концептот Fastback. Сега, по речиси една година бразилските медиуми пишуваат дека произвдоството на овој автомобил ќе започне следната година во фабриката во Бразил.
Екстериерно, особено предниот дел, речиси е идентичен како и FIAT Toro додека на задниот дел доминират LED светлата и натписот FIAT наместо логото.
Така во понудата би се нашле 1.8 литарскиот и 2.4 литарскиот мотор достапен на бензин и етанол. Производството на овој модел би се спроведувало во бразлската фабрика на FIAT во Гоијана, а нејасно е дали овој модел ќе се продава во Европа.
Во понудата покрај со наведените мотори доаѓа и со погон на две и четири тркала, но и со мануелен и автоматски менувач.