Fiat 500 со јубилеј – произведен 2.500.000 примерок

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat прослави голем јубилеј кога е во прашање моделот 500. Во фабриката во полскиот град Тичи е произведен 2.500.000 примерок од популарното Фиќо на новиот милениум.

Производството на новиот 500 модел започна во 2007 година токму во оваа фабрика. Дизајнот е дело на Роберто Џолито, Френк Стефенсон и Флавио Манзони. Овој модел кој се продава на сите континенти, покрај во полската фабрика на FCA се произведува и во Толука (Мексико).

Глобалната понуда се состои од четири бензински мотори, еден дизелски и еден бензински во комбинација со милд-хибриден погон. Покрај основната изведба, достапни се уште две: продолжената 500L и кросовер 500X изведба со повеќе верзии.

Инаку, јубилејниот 2,5 милионити примерок е во црвена боја и хибриден погон. Истиот е наменет за купувач од Франција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK