Fiat 500 Giardiniera наследник на 500L?

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat 500L нема уште долго да биде дел од понудата на италијанскиот производител. Слабата побарувачка која произлегува од непопуларноста на мини MPV класата е главната причина зошто овој автомобил нема да се произведува повеќе во Крагуевац.

Наместо него, според последните шпекулации, во Крагуевац ќе се произведува нов Fiat SUV од B класата.

Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека 500L ќе добие наследник во понудата и тоа во 500 Giardiniera, но модел со кој Fiat ќе настапи во истата класа како и Tipo.

Ова всушност го потврдија и официјално од FCA од каде наведоа дека со ова ќе се зголеми семејството 500 кое е најголем генератор на продажбата на Fiat.

Моделот 500 Giardiniera во понудата на Fiat беше во далечните 60-ти години, а беше произведуван од страна на Autobianchi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK