За Fiat 126 сите имаат слушнато, а последното појавување во медиумите беше испораката на рачно реставрираниот модел на познатиот актер Том Хенкс. Љубителите на овој автомобил се собраа со градот Сохачев, со чел да го соборат Гинисовиот рекорд.
На дефилето во градот учествувале 417 возила Fiat 126, а комисијата на Гинис треба да реши дали се работи за рекорд. Иако одамна возилото не се произведува сѐ уште има многу негови љубители, а ова беше момент да се покаже дека има уште многу вакви возила што се во „тркалаат“ и се одлична сосотојба. Ова беше еден таков собир во Полска.
Fiat 126 е возило со погон на задните тркала и може да развие брзина од 105 км/ч, беше создадено како замена за Fiat 500 во 1972 година. Покрај проблемите со палењето, особено во зимскиот период поради ниските температури, имаше и проблеми со брзото пропаѓање на каросеријата. Но, сепак се работеше за не многу сложен мотор и едноставен за одржување.
Во Полска, под лиценца на Fiat овој Fiat Polski 126 се произведувал во периодот меѓу 1973 и 2003 година, и имало повеќе од четири милиони продадени возила, и беше еден од најчестите автомобили што со декади можел да се види на патиштата во Полска. Се извезуваше и во други земји, најчесто од Источна Европа: Чехословачка, Унгарија, Југославија, Бугарија, Источна Германија, па дури и Азија како Кина и Виетнам.