Fiat 124 нема да добие наследник

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat донесе непопуларна одлука за љубителите на Fiat и кабрио автомобилите со која се потврдува дека моделот 124 нема да добие свој наследник.

Ова го потврди Оливер Франсо кој изјави дека во наредниот период компаниајта ќе посвети многу енергија на обднова и проширување на фамилијата на 500 моделите. При тоа тој потврди дека компанијата нема да лансира ниту еден автомобил во премиум или спортскиот сегмент.

Во интервју за Autocar тој потврди дека моделот 124 Spider е профитабилен, но дека воопшто не е важен за иднината на италијанскиот производител.

Инаку овој модел кој всушност е реинкарнација на култната 124-ка од 60-те и 70-те години на минатиот век, во продажба се појави во 2017 година. Се темели на FMR платформата, истата онаа која се користи кај Mazda Miyata, а со самото тоа ја дели истата технологија и компоненти како и јапонскиот автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK