Компанијата Ford објави дека од јануари ќе почне со прием на резервации за купување на новата верзија на шаси-кабина на пикапот Ranger. Целосно новата понуда во модификациската линија на Ford Ranger ветува да им понуди на корисниците можност за моделирање на задниот дел на пикапот според можно најудобниот и применлив според потребите на клиентите.
Од Ford демонстрираат само дел од некои решенија кои можат да бидат реализирани со новата шаси-кабина верзија на Ranger, а во тој дел и автокран,автомобил за помош на патот, за градежна активност и друго.
„Создадовме Ranger шаси-кабина за клиенти кои работат во најпредизвикувачките услови и имаат потреба од силен офроуд автомобил, кој ќе ја носи нивната специјална опрема“, вели Пол Бејнс, директор на одделението за Трансформации на автомобилот на Ford Европа.
Специјализираните трансформации, кои ги нуди новата верзија на Ranger како опции што можат да се конфигурираат, можат да достигнат должина до 2.518 мм после кабината, а благодарение на можноста за газење низ вода со длабочина од 800 мм и растојание од патот од 237 мм, автомобилот ветува импресивни параметри во случај на употреба надвор од патот.
Ford Ranger – шаси кабина
За таа цел, секако ќе се смета и на вклучениот во стандардната опрема, системот за погон на четири тркала, како и работата на дволитарскиот EcoBlue дизелов мотор со максимална моќност од 170 коњски сили и максимален вртежен момент од 420 Нm, што е во комбинација со 6-степен рачен менувач.