Ferrari што ќе ги сруши сите рекорди на аукциите (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога на аукција ќе се појави некој автомобил и е продаден за висока сума тоа многу често е модел на Ferrari. Италијанските возила добро котираат меѓу колекционерите, имаат висока цена, тешко може да се купат, слично како и кога станува збор за нов автомобил. Но, ова Ferrari може да ги сруши сите рекорди на аукциите.

Станува збор за моделот Ferrari 275 P од 1964 година – единствениот модел со кој Жан Гуше и Нини Вакарела ја остварија последната победа за Ferrari на трката „24 часа Леман“.

Реткиот примерок – што е многу поблизок до моделот 250 LM отколку до 275 GTB, била дел од колекцијата на легендарниот Пјер Бардинон, и се наоѓа во сопственост на семејството кое има и приватна тркачка патека во централна Франција. Во колекцијата има и други победници на трката „24 Леман“, за кои и Енцо Ферари велел дека не му треба музеј бидејќи Бардонин тоа го направиле за него.

Се очекува цената за моделот да биде 35 милиони долари, а може да достигне и до 38 милиони.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK