Ferrari прави болид што ќе има 1.000 КС?

ОБЈАВЕНО НА:

Според пишувањата на италијанските медиуми, Ferrari подготвува целосно нов мотор за следната сезона, и истиот би требало да има значително повеќе сила од досегашниот агрегат. Тоа е првиот предуслов за Ferrari повторно да се врати во игра за шампионската титула.

Со воведувањето на V6 моторите, во Формула 1 доминира Mercedes, но сите тимови работат напорно да го стигнат германскиот тим. Новиот проект на Ferrari е со оснзка 668 и официјално треба да биде претставне на 24 февруари во Маранело.

Ако им се верува на новинарските пишувања, Ferrari произвеле нов мулти-џет систем за вшприцување во соработка со компанијата Mahle technology.
Новиот систем би требало да обезбеди повеќе сила на моторот и да ја зголеми неговата ефикасност. Истотака MGU-H системот што е поврзан со турбо полначот треба да биде унапреден. покрај новиот мотор инженерите на Ferrari направиле и нов менувач.

Тоа придонело да се смени и задната суспезнија. Според некои проценки новиот болид на Ferrari би требало да располага со 1.000 КС.
Дали е тимот на добар пат да се вклучи во трката за титулата ќе покажат зимските тестирања.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK