Не е никаков проблем Ferrari да направи за вас специјален модел. Да, само за вас. Токму моделот Omologata е создаден за еден специјален купувач чиј идентитет не се објавува.
Станува збор за модел опремен со V12 мотор кој се базира во целост на 812 Superfast. Од овој модел задржани се само предните светла, додека останатител екстериерни елементи се изменети, а каросеријата е изработена од алуминиум.
Цената на ова возило која ја плати неименуваниот купувач не е позната, но се претпоставува дека е неколку милиони евра.
Завршување на проектот траеше нешто повеќе од две години и содржи различни инспирации, од тркачко наследство до научно-фантастика и референци кон модерната архитектура. Ферари отиде дотаму што разви нова црвена нијанса само за бојата да одговара на неверојатната завршница со трослојната Росо Магма над затемнетите јаглеродни влакна.