Fеrrаri му се закани на познат дизајнер со суд поради слики на Инстаграм (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Познатиот моден дизајнер од Германија, Филип Плајн ќе мора да ги избрише непристојните фотографии од својот профил на Инстаграм, на кои се гледа неговото ново Ferrari. Доколку не го направи тоа ќе се соочи со адвокатите на компанијата на суд, велат од Маранело.

Според автомобилскиот производител од Италија фотографиите со разголени девојки ја руши репутацијата на компанијата.

Облеката и обувките на Плајн се апсолутен хит меѓу ѕвездите на шоу бизнисот и спортот е клиент на Ferrari повеќе од една деценија. Пред извесно време дизајнерот си купил ново возило „отровно зеленото“ 812 Fupеrfаst и одлучил да се пофали со фотосесија, на која се гледаат единиците во истата боја од новата колекција на хаубата на моторот

 

View this post on Instagram

 

CAR WASH 🧽

A post shared by Philipp Plein (@philippplein) on

На дел од фотографиите се гледаат дами со малку облека, но и алкохол, како и други делови од животот на богатиот ерген, кој според  Fеrrаri го руши грижливо градениот имиџ на брендот.

 

View this post on Instagram

 

CAR WASH 🧼 🧼🧼

A post shared by Philipp Plein (@philippplein) on

Во писмото испратено од адвокатската канцеларија, која ги претставува интересите на компанијата се настојува фотографиите да бидат избришани за да се избегне решавање на прашањето на суд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK