Ferrari и Fiat ќе прават респиратори како помош во борбата со коронавирусот

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанските производители на автомобили Ferrari и FCA автомобили водат разговори со најголемиот производител на респираторни системи во државата за да помогнат во зајакнувањето на производството на апаратите потребни за спасување на животи кои се итно потребни во кризата со коронавирус, соопштија во четвртокот официјални претставници на компанијата.

Италија е во епицентарот на пандемијата со коронавирусот и владата започна со големо проширување на бројот на легла на интензивна нега во болниците, и за многу од нив ќе требаат респираторни системи за да ги одржуваат пациентите во живот со преземање на функциите за дишење.

Сиаре Инженеринг, компанија во северна Италија, каде што има смртните случаи чија бројка се приближува до 3.000 и нагло се качува, е во разговори со Fiat Chrysler, Ferrari и италијанскиот производител на делови, Marelli за да направи некои делови и евентуално да помогне во склопувањето на респираторите.

Од Рим побарале од Сиаре да го засили своето месечно производство на респиратри од 160 на 500, откако кризата со вируси го стави здравствениот систем на земјата на сериозен испит

Се разгледувале две главни опции: или да се помогне на инженерте на Сиаре да се зголеми капацитетот во нивната фабрика, со поддршка на техничарите обезбедени од FCA и Ferrari или да има производство на делови за респиратори во објектите на производителите на автомобили.

Се претпоставува дека Ferrari ќе биде подготвен да започне со производство на делови за респиратори во седиштето во Маранело, кое е близу до фабриката на Сиаре, но дека производител на луксузни и спортски автомобили допрва требаше да донесе конечна одлука.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK